Зверев си ќари осум години постара актерка

2 mins read

Германскиот тенисер Александер Зверев е во врска со актерката Софија Томала, пишува „Билд“.

Убавата германска актерка е осум години постара од тенисерот, но тоа на Зверев не му смета. Се чини дека ниту на Софија не и пречи бурното минато на тенисерот, односно обвинувањата од поранешните девојки за физичко и психичко вознемирување.

Поранешната девојка Олга Шарипова го обвини Зверев дека физички ја малтретирал и овој случај наскоро ќе се најде во германските судови.

Покрај тоа, Александер Зверев неодамна стана татко откако поранешната девојка Бренда Петеа роди ќерка и потоа одлучи сама да ја расте, а не сака ниту очите да му ги види на тенисерот.

Бурното минато не и пречи на  Софија Томала која според „Билд“ отпатувала во САД за да биде покрај Зверев кој се натпреварува на Мастерсот во Индијан Велс. Таа вчера се врати во Берлин за да го прослави својот 32 роденден.

Првата средба помеѓу актерката и тенисерот била на ТВ шоу каде и двајцата беа гости и оттогаш тие се заедно.

Зверев не е првиот познат спортист со кого убавата актерка се забавувала, претходно беше во врска со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лукаревска: После 39 години Неготино доби нова градинка

Следно

ФОТО | Во фарма зрзе кај Кристијан и Михаил: Ги гледаме селата во Македонија како холивудски сет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian