Знаеме како поминавме на последниот дуел со Македонија и ќе се трудиме да го избегнеме тоа

1 min read

Селекторот на селекцијата на Лихтенштајн,Мартин Стокласа, вели дека ќе биде многу тешко неговите избраници да ја совладаат Македонија на утрешниот натпревар од квалификациите за СП 2022 година.

Македонија е фаворит на утрешниот натпревар, но селекторот на Лихтенштајн се надева дека неговите фудбалери ќе успеат да го повторат успехот од минатиот месец кога одиграа 1:1 против Ерменија.

-Ќе биде многу тешко да ја победиме Македонија бидејќи таа селекција покажа дека може да биде многу конкурентна и против многу посилни репрезентации. Треба да се бориме силно од првата минута, исто како и против Романија во Букурешт. Од првата минута, од голманот до напаѓачот сите треба да бидат на максимално ниво во текот на целиот натпревар. Нашите фудбалери се во добра форма, а имаме и неколкумина млади фудбалери кои можеби ќе добијат шанса. Ја анализиравме нивната игра на претходните три натпревари. Македонија има одлични фудбалери, Алиоски, Елмас…фаворити се, но наше е да изиграме и да се надеваме на нов позитивен резултат – вели Стокласа.

И капитенот Николас Хаслер им ја предава фаворитската улога на избраниците на селекторот Благоја Милевски.
За капитенот свежи се сеќавањата од последниот натпревар кој се играше во март годинава во Скопје и кој заврши со убедлив триумф од 5:0 за Македонија.

– Македонските фудбалери технички се одлични, посебно на мал простор. Ние ќе се обидеме да се спротивставиме. Знаеме како поминавме на последниот наш дуел и ќе се трудиме да го избегнеме тоа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Апел од Пановски: Не ги малтретирајте прележаните, дајте им 12 месеци рок да се вакцинираат

Следно

Велт: ЕУ да не се лаже себеси за Западен Балкан – јасно да каже дека нема полноправно членство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian