ВИДЕО | Тајсон му се заканува на Вајлдер: „Ќе те нокаутирам, несигурен си во себе“

2 mins read

Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер разменија „тешки зборови“ на прес конференцијата по повод нивната борба која ќе се одржи в сабота на 9 октомври во Лас Вегас. Овој меч е вкупно трет помеѓу боксерите Фјури и Вајлдер за титулата светски шампион во тешка категорија.

По тој повод, се одржа прес -конференција на која тие двајца си разменија навреди, и одамна е познато дека тие навистина не се сакаат многу. Потсетување првата борба во 2018 година заврши реми, а во втората триумфираше Фјури две години подоцна.

– Што да кажам што веќе не е кажано? Подгответе се, ќе биде „војна“ и очекувајте голема борба. Како што можете да видите, јас сум облечен во црвено и ќе има гарантирана крв. Со нетрпение ја очекувам борбата, се гледаме таму – рече Вајлдер на почетокот на конференцијата.

Фјури потоа се обрати пред јавноста:

– Всушност, имам многу да кажам. Вајлдер тврди дека мамев во втората борба и дека победив поради тоа, а потоа го гледаме како тренира повеќе од кога било, па ќе го прашам: „Доколку мамев, зошто менуваш сè и толку се обидуваш?“ Дали некој има одговор на тоа прашање? Тој сигурно не може, нема мозок. И никој не може да одговори на тоа. Јас имам друг, тој вели дека сака да ме понижи и повреди бидејќи е полн со бес. Оние што држат в раце жежок јаглен и сакаат да повредат некого, на крајот се повредуваат.

Не сакам да го повредам Вајлдер, само сакам да го победам во рингот. Тој кажува лаги иако знае дека загуби и повторно ќе загуби, загуби првиот пат, загуби вториот пат, ќе загуби и трет пат и ќе се врати на работа во синџир за брза храна бидејќи само таму ќе биде добредојден. Пензионирај се. Ти си го*но и ќе те нокаутирам. Несигурен си во себе – вели Фјури.

Вајлдер на тоа додаде: „Кога ќе завршам со тебе, ќе треба да повикам брза помош“.

Фјури веднаш имаше одговор:

– „Заблагодари му се на твојот тренер што реагираше навремено. Тој ти го спаси животот. Мора да му ја зголемиш платата“.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | ДИК: Уредите за биометриска идентификација на гласачите ќе ги унапредат изборите во целост

Следно

ВИДЕО: Српската полиција го надгледува погребот на семејството Ѓокиќ кое беше брутално убиено

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian