Инспекторите на српската криминалистичка полиција го надгледуваат денешниот погреб во Алексинац на брутално убиените членови на семејството Ѓокиќ

Со оглед на тоа што убиецот на семејството Ѓокиќ се уште не е пронајден, полицијата е на готовност, поради што покрај видливото униформирано обезбедување, на лице место на погребот се распоредени и инспектори во цивилна облека.
Горан, неговата сопруга Гордана и нивната ќерка Лидија Ѓокиќ, беа брутално убиени,помеѓу 26 и 27 септември во реонот на селото Моравац, во билина на градот Алексинац.

Истрагата покажа дека семејството Ѓокиќ е убиено со неколку истрели во пределот на градите и главата, најверојатно додека биле во својот автомобил „пасат“ на темниот пат во атарот на селото Моравац.
Убиецот потоа ги запалил нивните тела и ги закопал .

На 12 километри од тоа место, во селото Тешица, полицијата го пронашла нивното возило, кое исто така било изгорено.
Засега нема осомничени лица за убиството, а мотивите за бруталната ликвидација на тричленото семејство Ѓокиќ , остануваат мистерија