ВИДЕО: Српската полиција го надгледува погребот на семејството Ѓокиќ кое беше брутално убиено

1 min read
Инспекторите на српската криминалистичка полиција го надгледуваат денешниот погреб во Алексинац на брутално убиените членови на семејството Ѓокиќ.
printscreen Курир.рс
Принтксрин / Курир.рс

Со оглед на тоа што убиецот на семејството Ѓокиќ се уште не е пронајден, полицијата е на готовност, поради што покрај видливото униформирано обезбедување, на лице место на погребот се распоредени и инспектори во цивилна облека.

Горан, неговата сопруга Гордана и нивната ќерка Лидија Ѓокиќ, беа брутално убиени,помеѓу 26 и 27 септември во реонот на селото Моравац, во билина на градот Алексинац.

Принтскрин – Еспресо.рс

Истрагата покажа дека семејството Ѓокиќ е убиено со неколку истрели во пределот на градите и главата, најверојатно додека биле во својот автомобил „пасат“ на темниот пат во атарот на селото Моравац.

Убиецот потоа ги запалил нивните тела и ги закопал.

Принтксрин – Нова.рс

На 12 километри од тоа место, во селото Тешица, полицијата го пронашла нивното возило, кое исто така било изгорено.

Засега нема осомничени лица за убиството, а мотивите за бруталната ликвидација на тричленото семејство Ѓокиќ, остануваат мистерија.

Морничав крај на потрагата во Србија – пронајдени изгорените тела на тричленото семејство Ѓокиќ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Тајсон му се заканува на Вајлдер: „Ќе те нокаутирам, несигурен си во себе“

Следно

ФОТО | Накит од папочна врвца, мајчино млеко, косичка, запче: Ви ја претставуваме дизајнерката Катерина Габунија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian