У17: Полска е првиот ривал на квалификацискиот турнир за пласман на ЕП

1 min read

Македонската репрезентација до 17 години во Корк ќе го игра првиот натпревар од квалификацискиот турнир за влез во елитната фаза за пласман на Европското првенство.

Турнирот ќе биде одигран во Република Ирска во периодот од денеска до 13 октомври, а покрај нашата селекција и домаќинот, учествуваат и селекциите на Полска и Андора.

Првиот меч избраниците на селекторот Тони Јакимовски го играат денеска против Полска од 15.00 часот, три дена подоцна се соочуваме со Ирците, а последниот дуел го играме со Андора на 13 октомври.

– Претходните контролни турнири и пријателски натпревари ни помогнаа многу да ја подобриме нашата игра и да ја зголемиме самодовербата. Во Република Ирска не очекуваат тешки натпревари, играме против квалитетни репрезентации. Веруваме во нашите можности, можеме да се носиме со сите селекции во групата. Првиот дуел со Полска ќе биде клучен за нас, знаеме како да одиграме против нив, имаме издвојувано победа на последната меѓусебна пресметка. Мал проблем претставува отсуството на напаѓачот Алекс Митров, фудбалерот не доби дозвола од клубот Јанг Бојс. На негово место е повикан Леин Таири од германски Шалке. Поседуваме квалитет и потенцијал, тоа сакаме да го докажеме на овие натпревари – вели селекторот на нашата У17 селекција, Тони Јакимовски.

Првопласираните две репрезентации од секоја група и четири најдобри третопласирани репрезентации ќе играат во елитната фаза.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Врнежите ќе придонесат за подигање на ниското ниво на Охридското Езеро

Следно

Тина Тарнер ги продаде сите свои музички права за 50 милиони долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian