Тина Тарнер ги продаде сите свои музички права за 50 милиони долари

4 mins read

Тина Тарнер вели дека нејзината музика е сега „во сигурни раце“ откако ги продаде правата на сите свои песни на музичката куќа „BMG“.

Тина Тарнер ги продаде правата на целиот свој музички каталог за над 50 милиони долари, а според неа нејзината музика е сега „во сигурни раце“.

в

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

Легендарната пејачка, која ги оствари едни од најголемите хитови на сите времиња „Simply The Best“ и неодамна ремиксаната „What’s Love Got To Do With It“ ги продаде правата за целиот нејзин легендарен опус на издавачката куќа „BMG“ за над 50 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

Тарнер, која е една од најавтентичните и најпрепознатливите ѕвезди во музичкиот свет на сите времиња, ги продала нејзините права на снимките како изведувач, издавачките права како композитор, поврзувачки права и правата на името, правата на нејзиниот имиџ и сличност како дел од зделката.

„Како изведувач, заштитата на мојата животна работа, моето музичко наследство, е нешто многу лично. Верувам дека со „BMG“ и „Warner Music“ мојата работа е во професионални и доверливи раце“, изјави Тина Тарнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

„Музичкото патешествие на Тина Тарнер инспирираше милиони луѓе низ целиот свет и продолжува да допира до нова публика. Нам ни е чест што ја превземаме работата на менаџирање на музичките и комерцијалните интереси на Тина Тарнер. Тоа е одговорност која ја сфаќаме сериозно и ќе ја спроведеме многу одговорно“, изјави Хартвиг Масуч, извршен директор на „BMG“.

81-годишната Тина беше прогласена за првиот црн изведувач и првиот женски изведувач кој се појави на насловната на реномираниот музички магазин „Rolling Stone“, а нејзиниот музички опус содржи 10 соло албуми, два „live“ албуми, два „soundtrack“ албуми и пет компилации, кои комбинирано заедно имаат продажба од над 100 милиони изданија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

Родум Ана Мае Булок во Тенеси, Тина му се придружи на бендот на нејзиниот подоцнежен сопруг Ајк Тарнер како помошен вокал на само 18 години. Во рок од две години ќе го украде светлото и ќе биде онаа која е ѕвездата на сцената и како дуо ќе постават нови музички стандарди.

Ајк и Тина Тарнер ќе се венчаат во 1962 година, но ќе се раздвојат во турбулентен развод во 70-тите, после што соло кариерата на Тина вртоглаво ќе се лансира достигнувајќи пет платинум албуми – со „Private Dancer“ достигнувајќи дури трикратно платинум издание во Велика Британија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

Тина Тарнер на крајот на овој месец ќе биде воведена во „Rock’n’Roll Hall of Fame“ по втор пат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

У17: Полска е првиот ривал на квалификацискиот турнир за пласман на ЕП

Следно

Приведен е човекот кој со пиштол денеска се шеташе низ Аеродром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian