Спировски: Фаворити сме против Лихтенштајн и не бегаме од таа улога

1 min read

Атмосферата во македонската фудбалска репрезентација пред утрешниот натпревар од квалификациите за Мундијалот во Катар е на највисоко ниво и фудбалерите се подготвени да го дадат максимумот и да ја прекинат серијата од три нерешени резултати.

Стефан Спировски вели дека Македонија е фаворит на утрешниот натпревар кој ќе се игра во Вадуз, но предупредува дека таа улога мора да се оправда на теренот.

– Знаеме дека сме фаворити и не бегаме од тоа. Но, ќе мора сето тоа да го потврдиме на терен затоа што во модерниот фудбал не постојат апсолутни фаворити. Ако ги исполниме зацртаните задачи мислам дека нема од што да се плашиме. Ако ја одиграме нашата игра, знам дека бодовите ќе патуваат за Македонија – изјави Спировски на денешната прес-конференција и потоа додаде:

– На трите натпревари во септември ни недостигаше малку среќа. Одигравме добри натпревари, направивме доволно шанси за голови, ама факторот на среќа не не посака. Можевме да имаме уште плус четири бода од септември, но ете сме сега за да дополниме.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„У Пауер“ има милионски договори со државни фирми, МЕПСО не открива колку должи фирмата на Аријанит Џафери

Следно

Славчо Попоски прогнозира: Голем пад на температурите и многу дожд, еве од кога

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian