Скопје е трусно подрачје – на еден хектар треба да има од 250 до 400 жители

2 mins read

Скопје – метропола која се повеќе и повеќе се бетонизира. Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода се скопските општини каде се бара стан повеќе за купување, а слободен простор и зелени површини „ни за лек“ – реагираат дел од граѓаните. 

Интензивно се гради, а масовната узурпација на јавната површина создава хаос во овие општини. Зградите се градат блиску една до друга, а воздух се помалку. Веројатно во ваков простор тешко се пробива обично возило, а да не стане збор за противпожарна служба или брза помош. 

Ред бетон, ред сообраќаен хаос, се жалат скопјани. 

Во екот на предизборната кампања кандидатите за градоначалници на скопските општини ветуваат соодветни урбанистички планови, повеќе зеленило и јавен простор во интерес на граѓаните, а не на мала друпа моќници. Но се чини дека штетата е веќе направена. 

Ве потсетуваме на една суштинска изјава од 2004 години, дадена од страна на познатитот македонски архитект Живко Поповски кој отсекогаш говорел со посебна љубов кон Скопје.

– Во Скопје на еден хектар треба да има од 250 до 400 жители. Денес има над 800, што според нормативите за трусни подрачја е недозволиво. Техничките прописи велат дека, во случај на мал потрес, расипана инсталација или прскање на водовод, жителите треба да можат два до три дена да живеат во својата околина, додека не се санира штетата. Да не дојде до ширење во случај на пожар, да не се затрупа слободниот простор ако пак удри силен земјотрес, да има пристап за механизација, брза помош… Тие прописи мора да се почитуваат. Ние само доградуваме и надградуваме. Она што е направено со Дебар Маало, Буњаковец итн. е катастрофа. Тоа е злосторство, рече тогаш познатиот професор. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Даниел Крег ја доби својата ѕвезда: Чест е да „газат“ по тебе

Следно

Од странски студент до градоначалник: Германец на чело на третиот најголем романски град

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian