Министерството за внатрешни работи информира дека утрово околу 01.30 часот на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.С.(25) од Скопје.
Според информациите од полицијата тој бил затекнат како на трафостаница лепи плакатати од политичка партија и со спреј пишува на штаб на политичка партија.
Лицето било приведено во полициска станица и му бил одземен спрејот со кој пишувал. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Извор: skopjeinfo.mk