Сега е официјално: Премиер лигата даде зелено светло, Њукасл е во рацете на саудискиот принц

1 min read

Премиер лигата денеска ја одобри продажбата на Њукасл на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и тоа откако доби „правно обврзувачки гаранции“ дека државата нема да го контролира клубот.

Саудискиот Инвестициски фонд (ПИФ) кој ќе даде 80 проценти од вкупната сума за купување на Њукасл која изнесува 300 милиони фунти, е одвоен субјект во однос на државата.

Поради доа преземањето на клубот помина кај Премиер лигата и Њукасл ќе стане еден од најбогатите клубови не само во Англија туку и на светот.

Проблемот поради кој уште минатата година непремостлива пречка за Мохамед бин Салман да го купи Њукасл, беше пиратеријата, односно нелегалното емитување на натпреварите од Премиер лигата на територија на Саудиска Арабија. Сега Беин Спортс се согласи да ги откупи ТВ правата за натпреварите од Премиер Лигата со што се отвори патот за купување на Њукасл.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковидот остави повеќе од 140.000 деца без родители во САД, додека Европа бележи значителен раст на бројот на новозаразени

Следно

Српски амбасадор „падна“ на аеродромот во Белград со 84.000 евра скриени во куферите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian