Продолжува правната битка: Федералниот суд на САД речиси целосно ја блокира забраната за абортус во Тексас

1 min read

Федералниот суд на САД привремено ја блокира речиси целосната забрана за абортус во Тексас, врз основа на тужбата поднесена од администрацијата на претседателот Џо Бајден, откако Врховниот суд на САД дозволи законот да стапи на сила.

Пресудата на окружниот судија Роберт Питман во Остин ја спречува сојузната држава Тексас да го спроведе законот предложен и усвоен од републиканските пратеници во Тексас, додека трае судскиот процес со кој администрацијата на Бајден ја оспорува нејзината законитост, пренесува Би-Би-Си.

„Нема тоа да го дозволам“

– Овој суд нема да дозволи вакво шокантно одземање на толку важно право да продолжи уште еден ден, напиша судијата Роберт Питман во својата пресуда, на којашто државата Тексас може да поднесе жалба.

Законот им забранува на жените да абортираат по шест недели од бременоста, а целиот случај е дел од голема правна битка за пристап до абортус во Соединетите држави, за што многу федерални држави спроведуваат ограничувања.

Ова е прв правен неуспех за Тексас по спроведувањето на законот, а се очекува државните службеници да поднесат жалба на пресудата на судијата Питман.

Во септември, Врховниот суд на САД со мнозинство гласови одби да ја блокира забраната за абортус по шестата недела од бременоста во Тексас, а администрацијата на Бајден презеде други законски мерки, па Министерството за правда ја тужеше државата Тексас во обид да го блокира законот кој речиси целосно го забранува абортусот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од денеска парно греење за скопјани

Следно

Основци „испрашувани“ дали имале секс со постари!?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian