Преговорите за влада на германската „семафор” коалиција поминале добро, продолжуваат во понеделник

1 min read

Трипартитните преговори што  можат да доведат до следната владина „семафор” коалиција во Германија ќе продолжат во понеделник, изјавија преговарачите по денешната прва средба, која оценија дека минала во „добри разговори”, јави ДПА.

Ларс Клингбејл, генерален секретар на германските социјалдемократи (СПД), по средбата изјави  дека планот е да продолжат и да се продлабочат разговорите со зелените и либералите .

Викендот ќе се искористи за „подготовка за интензивната недела на разговори што следи”, додаде Клингбејл.

Генералниот секретар на либералите, Фолкер Висинг, исто така, потврди дека разговорите поминале добро.

Викендот треба добро да се искористи за да се подготват сите „за интензивната недела на преговори”, додаде тој.

Лидерот на либералите Кристијан Линднер, видливо расположен ја напушти средбата што се оддржа во зградата „СитиТјуб”, пренесе „Билд”.

Либералите соопштија дека на состанокот виделе подготвеност да најдат заеднички јазик со зелените и социјалдемократите за главните политички разлики.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Васил Атанасов, фолк пејачот познат по хитот „Кој нѐ раздели“, почина во Германија

Следно

„У Пауер“ има милионски договори со државни фирми, МЕПСО не открива колку должи фирмата на Аријанит Џафери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian