Познат распоредот на натпревари на Е. Пелистер за првите шест кола во Лигата на Европа

1 min read

Македонскиот претставник во Лигата на Европа, Еурофарм Пелистер денеска го објави распоредот на натпреварите за првите шест кола во групната фаза.

Битолчани се наоѓаат во групата Д заедно со екипите на Татабања, АЕК Атина, Спортинг, Ним и Кадетен Шафхаузен.  По консултациите со носителите на ТВ правата за Лигата на Европа, ЕХФ ги одреди саатниците за првите шест натпреварите од групната фаза на натпреварувањет во кои Еурофарм Пелистер по три пати ќе игра дома и на гости, а термините се 18:45 и 20:25 часот.

Распоред на натпревари:

19.10.2021 – 20:45 часот, Еурофарм Пелистер – Ним
26.10.2021 – 18:45 часот, Кадетен Шафхаузен – Еурофарм Пелистер
16.11.2021 – 18:45 часот, АЕК Атина – Еурофарм Пелистер
23.11.2021 – 18:45 часот, Еурофарм Пелистер – Татабања
30.11.2021, 20:45 часот, Спортинг Лисабон – Еурофарм Пелистер
07.12.2021 – 20:45 часот, Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон

Првопласираните четири екипи од секоја група ќе ги продолжат натпреварите во елиминационаата фаза на ЕХФ Лига Европа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Гостивар има над 40 казина, Невзат Бејта ветува дека ќе ги брка од центарот

Следно

МАММАМИА! Манескин комплетно голи на промо фотографија за новиот сингл

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian