Американските разузнавачки службеници ги предупредија филијалите на ЦИА ширум светот за загрижувачки број на агенти фатени или убиени, регрутирани од други земји за да шпионираат за Соединетите држави.
Во доверливото писмо се наведува дека Централната разузнавачка агенција (ЦИА) снимила десетици случаи на странски агенти во последните години кои биле убиени или уапсени. Се додава дека агенцијата се бори да регрутира шпиони низ целиот свет во тешките оперативни околности.
Имено, во последните години разузнавачките служби на земјите како Русија, Кина, Иран и Пакистан ги фаќаа изворите на ЦИА и во некои случаи ги претвораа во двојни агенти.
Растот на моќта на другите земји
Писмото се однесува на прашања што ја мачат агенцијата во последните години, вклучително и преголемата доверба во изворите, потценувањето на странските разузнавачки агенции и пребрзо регрутирање на агентите.
Голем број на агенти во последните години укажуваат на зголемената моќ на другите земји кои користат технолошки иновации како што се биометриско скенирање, препознавање лица и вештачка интелигенција за откривање и следење на агентите на ЦИА, пишува Њујорк Тајмс.
Поранешни претставници на ЦИА рекоа дека агенцијата треба да се фокусира повеќе на безбедноста и контраразузнавањето, меѓу високите лидери и меѓу агентите од првата линија, особено кога станува збор за регрутирање на тајните агенти.
Непознат број двојни агенти
Писмото испратено минатата недела покажува дека агенцијата ги потценила своите противници. Некои поранешни официјални лица веруваат дека вештините на агенцијата во борбата против ривалите на разузнавачката служба се ослабени поради децениското фокусирање на терористичките закани и потпирањето на ризични комуникации. Имено, обуката и таргетирањето на информаторите што шпионираат странски влади се уште е нешто различно од обуката на извори во рамките на терористичките мрежи.
Иако во писмото се идентификувани голем број тајни агенти кои биле уапсени или убиени, се наведува дека бројот на оние што станале двојни агенти, односно кои се свртеле против САД, се уште не е познат.
Имено, другите разузнавачки агенции знаат како да ги претворат изворите на ЦИА во двојни агенти наместо апсења, кои потоа доставуваат дезинформации до агенцијата. Пакистан беше особено ефикасен во оваа област.