Ѓоковиќ прв на листата учесници на Мастерс турнирот во Париз

2 mins read

Листата на учесници на Мастерс турнирот во Париз е објавена на официјалниот сајт, а на истиот се наоѓа и првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ. Српскиот тениски ас својот последен настап го имаше на грен слем турнирот „УС Опен“ во Њујорк кога во финалето претрпе убедлив пораз од Русинот Данил Медведев и не успеа да го комплетира „календарскиот грен слем“.

Ѓоковиќ истакна дека не е сигурен дали ќе продолжи со настапите оваа сезона, а од претходно е познато дека го откажа учеството на „Индијан Велс“, Мастерс кој ќе се одржува во следните две недели во Калифорнија.

Оцени дека му е поважно да се одмори и да собере енергија за самиот крај на сезоната, каде што ќе се одржат уште два големи турнири, Мастерсот во Париз и завршниот Мастерс, кој ќе се одржи годинава во Торино.

На веб-страницата на Мастерсот во Париз, беше објавена листата на учесници, на која Ѓоковиќ е првиот носител. Најдобриот светски тенисер вкупно пет пати беше најдобар во францускиот главен град. Повредените Рафаел Надал, Рожер Федерер, Доминик Тим и Давид Гофан, кои оваа година сигурно нема да бидат во Париз, дефинитивно отпаднаа од списокот на учесници.

Тешко е да се очекува дека Ѓоковиќ ќе го пропушти Мастерсот во Париз, бидејќи тоа може да доведе во прашање дали ќе ја заврши годината на првото место на АТП. Доколку Медведев направи добар резултат во Индијан Велс, ќе му се доближи на Ѓоковиќ со 990 поени заостанување кога е во прашање АТП трката, која оваа сезона одредува кој ќе ја заврши годината како прв светски рекет, што е еден од рекордите кој Ѓоковиќ го брка, односно на крајот на сезоната би можел да биде првиот во историјата кој годината ја завршува седум пати како тенисер број еден во светот и би го престигнал поранешниот американски тенисер Пит Сампрас.

Американски новинар го брани Ѓоковиќ: Сите го напаѓаат Новак, а 50 проценти од тенисерите не се вакцинирани

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Северна Македонија е единствена држава во Европа без Археолошки институт

Следно

Почина новинарот Трајче Јованов

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian