НАТО ќе плати висока цена за протерувањето руски граѓани, гласи заканувачката реакција на Москва

2 mins read

Руската Федерација, како и претседателот Владимир Путин, реагираа жестоко откако НАТО донесе одлука да ги протера останатите Руси кои беа членови на мисијата во Алијансата од нејзините редови.

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска го слави својот 69 -ти роденден, жестоко реагираше на најновите потези на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој одлучи вчера да протера осум дипломати од Руската Федерација на служба во седиштето на Алијансата во Брисел , одземајќи им ги акредитациите за членство во мисијата на НАТО.

Фото: Профимедиа

Како дополнителна тензија од протерувањето е и обвинувањето кое челниците на  НАТО  го упатија кон Москва за водење агресивна политика , додека протераните Руси беа означени како разузнавачки агенти, односно шпиони.

– НАТО ги укина акредитациите на осум членови на руската мисија во Алијансата, кои беа непријавени руски разузнавачи – изјави неименуван претставник на НАТО и откри дека Алијансата донела одлука да го намали бројот на руски членови ангажирани за сорабтока на Русија и НАТО во мисијата на Алијансата во Брисел

 

– Политиката на НАТО кон Русија останува конзистентна. „Го зајакнавме одвраќањето и одбраната како одговор на агресивните потези на Русија, но во исто време остануваме отворени за сорабтока и дијалог“ со Москва, гласи образложеието на Брисел за протерувањето на руските дипломати.

 

Русија експресно одговори на овие потези и обвинувања на НАТО

„Никој неможе да протерува руски граѓани без притоа да плати висока цена за тоа“. гласи заканувачката порака која додје директно од кабинетот на рускиот престедател Владиир Путин.
За каква цена и кој ќе биде начинот на плаќање засега не е познато.Она што беше содржано во првичната реакција на кабинетот на Путин за протерувањето ан руските дипломати е дека Москва засега нема да возврати на ист начин, однсно реципрочно да протерува дипломати на алијансата кои се наоѓаат во Москва

Фото: МИА

НАТО вчера ги повлече акредитациите на осуммина членови на мисијата на Русија во Алијансата во Брисел, кои биле „непријавени руски разузнавачи”, изјави претставник на НАТО, Во моментов во седиштето на алијансата во Брисел остануваат уште 10 дипломати на Руската Федерација кои се задолжени за координирање на воената соработка меѓу НАТО и Русија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведен е човекот кој со пиштол денеска се шеташе низ Аеродром

Следно

Белгија ја предизвикува Франција за финале во Лигата на нации

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian