Младите фудбалери сè уште без победа, не успеаја да слават против Фарски Острови

1 min read

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година и по третиот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП 2023 година не успеа да оствари победа.

По поразот од Франција на стартот од квалификациите и ремито со Србија, младите фудбалери денеска имаа можност да ја запишат првата победа бидејќи противник беше Фарски Острови. Но, избраниците на селекторот Драган Канатларовски одиграа само 1:1 и притоа мораа да бркаат негатива бидејќи домаќините поведоа уште во осмата минута со голот на Јохансен.

Марко Ѓорѓиевски на стартот од второто полувреме, во 55. минута успеа да израмни по што селекторот Канатларовски фрли се на една карта, на победа. Во 70. минута ги внесе во игра Тошевски и Станковски. Ѓорѓиевски постигна уште еден гол, но беше поништен поради офсајд.

До крајот на натпреварот „црвено-жолтите“ доминираа, но офанзивната игра за малку можеше скапо да ја платат кога Радосављевиќ во 81 минута шутиташе над голот.
Во судиското продолжение Максимов имаше одлична шанса, но неговиот шут беше запрен од гол лонијата.
По три кола во квалификациите за ЕП, Македонија има два бода, додека Фарски Острови се на третата позиција со пет освоени бодови.
Следниот натпревар за младите фудбалери ќе биде на 12 октомври кога и гостуваат на Ерменија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дваесет починати од ковид-19 и речиси 400 нови случаи

Следно

Хрватска им порача на САД да не се мешаат во нејзината набавка на авионите „Рафал”

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian