Мирувате, а срцето ви чука како лудо? Дознајте дали ви се заканува прерана смрт

2 mins read

Срцебиењето е еден од знаците кој може да упати на зголемен ризик од прерана смрт. Ризикот од смрта поради зголемен пулс не опаѓа ни кога сте во добра физичка кондиција и сосема здрави

Нормален пулс се смета ритамот на срцето од 60 до 100 отчукувања во минута.

Редовното вежбање овозможува побавен пулс во мирување, но данските истражувачи открие дека и спортистите и рекреативците неретко имаат забрзан пулс, иако се во завидна телесна кондиција.

Забрзан пулс е оној што е измерен пет минути по престанувањето со физичката активност, а преминува 100 отчувакувања. С

Меѓутоа, научниците нагласуваат и дека ризикот од прерана смрт се менува во рамките на распонот на нормалното отчукување на срцето.

Пулсот измерен при мирување од 51 до 80 отчукувања во минута е поврзан со 40 до 50 отсто зголемен ризик од прерана смрт во споредба со оние кои имаат 50, па и помалку отчукувања во минута. Пулс од 81 до 90 отчукувања во мината го удвојува ризикот, а пулсот над 90 отчукувања значи тројно поголем ризик од прерана смрт.

Или поедноставно кажано, тоа значи дека со секои 10 до 22 отчукувања на срцето во минута расте ризикот од прерана смрт за 22 отсто. Резултатите се добиени во студијата спроведена кај средовечни мажи пред 25 години, и 16 години подоцна кога е утврдено 40 отсто од нив биле мртви. Најголем ризик имале оние со највисок пулс.

Иако научниците сметаат дека забрзаниот пулс е генетски условен, затоа што се јавува и кај луѓето во добра физичка форма и кај оние кои во моментот не се со добра кондиција, сепак, се препорачува секој човек да почне да практикува некаква физичка активност, да ја подобри исхраната и да престане да пуши.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонските ракометарки денеска против Црна Гора во ЕХФ Евро купот

Следно

Крводарителска акција утре во Аеродром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian