Маричиќ уверен во победа на СДСМ на изборите, Ѓорчев вели: Владата е климава, преговараме со неколку пратеници

3 mins read

Во атмосфера на обвинувања за случајот со пожарот во тетовската ковид-болница, околу локалните избори, но и за други теми актуелни во државата, вечерва на Телевизија 24 се одржа дебата меѓу претставниците на четирите партии со најмногу освоени гласови на минатите избори.

Во дебатата учествуваа Бојан Маричиќ како претставник на СДСМ, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, Крешник Бектеши од ДУИ и Арбен Таравари како претставник на Алијансата на Албанците.

Маричиќ рече дека „да се прекорува волјата на граѓаните од минатите избори не е така едноставно и возможно“.

„Оваа приказна ја слушнавме од Мицкоски и од Таравари. 2017 година, кога ја напуштија власта ВМРО-ДПМНЕ, во општините со огромни долгови владата на СДСМ даде 50 милиони евра на општините да ги покријат долговите. Затоа на овие избори ќе победиме во најголем број на општини. Очекуваме освојување на поголем број на општини од ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме да победиме во градот Скопје поголем број на советници и нема никаква потреба од вонредни парламентарни избори, рече Маричиќ, додавајќи дека владата на СДСМ „води одговорна и сериозна политика, за разлика од Влатко Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ“.

Ѓорчев рече дека на Македонија ѝ треба промена и на локално и на центрачно ниво, а „и да има и да нема нови парламентарни избори, СДСМ ќе падне“ и додаде дека неколкумина пратеници од владејачката коалиција „веќе преговараат“ со ВМРО-ДПМНЕ.

Се чувствува промена во воздухот и тоа на Македонија навистина и треба промена и на локално ниво и на државно ниво. Ако гледате што се случува со владиното мнозинство, ќе видите дека ЛДП и ДОМ одат соло, ја напуштија владината коалиција. Беса оди соло. Неколку пратеници веќе преговараат со нас. Состојбата на владата е прилично климава. Очекувам повеќе општини од СДСМ, очекувам победа, зошто Македонија навистина заслужува подобро, рече Ѓорчев.

Бектеши од ДУИ вели дека е уверен оти нема да има предвремени парламентарни избори и вели дека неговата партија ќе добие повеќе со локалните избори.

„Повеќе ќе добиеме, а една од нив ќе биде и општина Гостивар. Не раководиме со таа општина, Врапчиште, Желино и Боговиње“, рече Бектеши.

Арбен Таравари, пак, рече дека според проценките на неговата партија, „најверојатно огромен број на општини ќе бидат преземени од опозицијата“, а најави и дека во ноември ќе има ново владино мнозинство.

„Првиот круг, ако има 80 општини, речиси 60, а во првиот круг ќе има 10 опозициски општинии што ќе победат и еден од нив е и Гостивар. Во ноември ќе има најверојатно ново владино мнозинство и нема потреба од нови парламентарни“, рече Таравари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Во фарма зрзе кај Кристијан и Михаил: Ги гледаме селата во Македонија како холивудски сет

Следно

Подмладената Македонија немоќна против Црна Гора

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian