Македонските ракометарки денеска против Црна Гора во ЕХФ Евро купот

1 min read

Најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија денеска од 20.15 часот во Скопје во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе го игра натпреварот од ЕХФ Евро купот против Црна Гора.

Тоа ќе биде првиот од двата вкупно мечеви помеѓу овие две селекции во рамките од ЕХФ Евро купот. Во ова натпреварување настапуваат трите земји домаќини на следното Европско првенство 2022 (помеѓу нив и Словенија), како и Норвешка, актуелниот шампион на Стариот континент.

Селекторот на нашата селекција, Љубомир Савевски може да смета на стандардни искусни првотимки, а шанса се очекува да добијат и ракометарки кои имаа одлични настапи во младинската и кадетската репрезентација во летниот период.

– Влезот е слободен, со приложување на документи за извршена имунизација против ковид-19

Согласно Одлуката на Владата за превентивни мерки против вирусот Ковид-19 (Сл.Весник бр.199 од 25.08.2021 г.) дозволен е максимум 30% исполнетост на капацитетот на спортскиот објект. При присуство на натпреварот односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи:

– сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од вирусот Sars-Cov-2, односно примена најмалку една доза на вакцина против заразната болест Covid-19 или :

– сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Основци „испрашувани“ дали имале секс со постари!?

Следно

Мирувате, а срцето ви чука како лудо? Дознајте дали ви се заканува прерана смрт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian