Хрватска им порача на САД да не се мешаат во нејзината набавка на авионите „Рафал”

1 min read

Министерството за одбрана на Хрватска одговори на неодамнешните информации во јавноста дека САД мораат да ја „аминуваат” хрватската набавка на француските авиони-ловци „Рафал”.

Хрватското Министерство им порачаа на САД дека не треба да се мешаат во тој бизнис.

– Франција е оригинален производител на авионите „Рафал” и целата нивна опрема компатибилна со НАТО. Затоа, не постои добивање дозвола за пренесување сопственост на Република Хрватска од некоја друга земја, вклучително и од САД, соопшти хрватското Министерство за одбрана.

Во соопштението понатаму се наведува дека, како што Министерството за одбрана досега набавуваше опрема за некои други борбени системи кои се користат во хрватската армија, така и за „Рафал”, станува збор за посебна набавка на опрема која вклучува американски компоненти под одговорност на Министерството за одбрана како краен корисник.

– Според наведеното, веќе е разговарано со претставниците на Амбасадата на САД во Хрватска. Преговорите меѓу Хрватска и Франција околу договорот за набавка на 12 авиони „Рафал” се во завршна фаза и тој ќе биде потпишан на време, пред крајот на годината, соопшти хрватското Министерство.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Младите фудбалери сè уште без победа, не успеаја да слават против Фарски Острови

Следно

Иран тврди дека пресретнал американски брод, САД негираат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian