Германската полиција притвори 10 лица, повеќето се поврзани со исламистички терористички групи

1 min read

Десет лица, од кои повеќето се поврзани со исламистички терористички групи, се притворени денеска во Германија по спроведените рации против криминална мрежа за перење пари низ три сојузни држави.

Еден од осомничените подоцна бил ослободен.

Повеќе од 1.400 полицајци беа вклучени во вчерашните рации во Северна Рајна-Вестфалија, Долна Саксонија и Бремен. Вкупно 67 лица се под истрага за членство во меѓународна криминална организација.

Рациите се дел од истрагата за таканаречената мрежа „хавала” широко користена во муслиманските земји, во која поединци, а не банки, дејствуваат како посредници при трансфер на пари. Полицијата од Диселдорф соопшти дека парите, кои се „перат” од 2016 година, доаѓаат од широк спектар на извори, вклучувајќи криминални активности како што се грабежи и изнуда. Според првичните проценки, обемот на трансакции во истражниот период изнесувал околу 140 милиони евра.

Германскиот јавен радиодифузер WDR објави дека „испраните” пари вклучуваат средства од трговија со дрога и дека барем дел од тие пари се испратени во Турција и Сирија, каде што можеби се искористени за финансирање милитантни групи.

Полицијата заплени 15 возила, од кои два спортски автомобила „Ламборџини”, злато, накит и скапи часовници во вредност од над два милиони евра.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец лепел плакати на трафостаница и со спреј пишувал на штаб на политичка партија

Следно

Дваесет починати од ковид-19 и речиси 400 нови случаи

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian