ФОТО+ВИДЕО | Инспиративна животна приказна: Од тешка зависничка до диплома од факултет

2 mins read

Храбрата мајка на три деца дипломирала политички науки на Универзитетот во Вашингтон во јуни. Џини Бартон споделила една од своите фотографии од дипломирањето покрај другата фотографија направена во 2005 година, за која вели дека го покажува најинтензивното време на нејзината зависност.

– Оваа фотографија ги прикажува моите најлоши денови кога бев зависничка од дрога. Двете фотографии покажуваат во која мерка човек може да го промени својот живот само ако тоа го сака и ако вложи напор – рекла Џини, која го раскажала своето мачно патување.

„Мајка ми беше зависничка и јас првпат се сретнав со дрогата кога имав седум години. Веќе на 15 години бев апсолутна зависничка од хероин“, рекла Џини и додала дека растењето со мајка зависничка и шест браќа и сестри било хаотично.

За неа, дрогата била еден вид бегство од реалноста.

– Станував сето она што никогаш не сакав да бидам, а тоа за жал, е сликата на мојата мајка – се присетила таа.

Džini Barton

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Таа го напуштила училиштето кога имала 10 години. Како што стареела, така се влошувала нејзината состојба, а напуштањето на пеколот со дрога изгледал како невозможна мисија. На 20-годишна возраст, кога завршила во затвор, година и пол била без дрога, но брзо се вратила на старите навики. Набргу се омажила за човек којшто ја малтретирал. Кога во 2012 година повторно била уапсена, ѝ било кажано дека нема да излезе толку брзо, што на крајот тоа бил нејзиниот спас и пат кон нормален живот.

Džini Barton

Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Првите шест месеци беа најтешките бидејќи поминував низ криза. Одлучив да преземам одговорност, да се засакам себеси и да се променам“ – рекла Џини.

Во последните девет години, Бартон се занимава со пешачење, планинарење, возење велосипед и трчање. Нејзините деца ѝ се поддршка, а сака да ги охрабри и другите да се променат.

Фото: Профимедиа

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Интервју со европскиот јуниорски шампион Стојановиќ: Целта ми е да одам и на Светско

Следно

Твитер: Маж со пиштол шета низ Аеродром, снимаат филм или нешто друго?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian