ФОТО | Топол поздрав од Охајо: Вака изгледа кога музичарот Љупчо му „пее“ цвеќето, а козметичарката Васка го храни со минерали

2 mins read

Денес разговараме со Васка и Љупчо Димитровски кои живеат во Охајо, САД и топло ве поздравуваат оттаму. 

г-ѓа Васка, фото – приватна архива

Пред да се преслат во САД, пет години биле во Англија на Newbolld college, а потоа, во 1999 година стигнале во Колумбус, главниот град на американската држава Охајо. Васка е од Кавадарци, а нејзиниот сопруг од Скопје. Таа по професија е козметичарка, а тој е музичар.

Откако се запознавме со овие прекрасни Македонци, преминавме на главната тема, градината, дворчето и се разбира, на убавината – цвеќето.

– Цвеќињата се наша релаксација, уживаме во дворчето во слободно време, а што се однесува до негата повеќе за тоа е задолжен мојот сопруг, ни раскажува Васка и додава дека еден час дневно задолжително им посветуваат на своите убавици, но тоа го прават со уживање и со големо задоволство.

Претходно живееле во апартман, а сега, веќе 15 години се во куќата, и оттогаш почнале и да ја негуваат својата љубов кон цвеќињата.

– Прво почнавме со сезонски цвеќиња, ни раскажува Васка и вели дека омилени ѝ се кактусите со своите прекрасни цветови. А тие за да цветаат со сиот свој раскош, потребна им е добра земја и потхранување со посебни минерали кои ги купуваат во цвеќарница.

– За да се одгледува било кој кактус или друго цвеќе, во секоја саксија, тука, има и упатство за тоа што е потребно и кои услови ги бара цвеќето за да напредува. Без тоа упатство цвеќето не може да биде негувано на вистински начин и брзо може да свене, искрена е нашата соговорничка.

Ја прашуваме госпоѓа Васка за совет – што би им порачала на оние кои допрва сакаат да почнат со нега и одгледување на цвеќе и растенија, а таа ни одговара:

– Мој совет е без упатство да не купуваат било-какво цвеќе…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Српски амбасадор „падна“ на аеродромот во Белград со 84.000 евра скриени во куферите

Следно

Германскиот лидер на конзервативците Армин Лашет најави повлекување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian