Дешан блеска од среќа: Покажавме дека никогаш не се предаваме

1 min read

Селекторот на Франција, Дидие Дешан е пресреќен по триумфот на неговите фудбалери над Белгија кои покажаа силен карактер.

Актуелниот светски шампион по првото полувреме губеше со 0:2, но во вториот дел постигна три гола и направи комплетен пресврт за победа од 3:2 и пласман во финалето на Лигата на нации.

– Бевме очајни во првото полувреме, Белгија ги искористи 20-те минути добра игра и постигна два гола. Во вториот дел бевме многу подобри, имавме доста шанси и на крајот победивме. Ваквите победи го покажуваат силниот карактер на тимот кој никогаш не се предава – изјави Дешан.

Франција во финалето на Лигата на нации ја очекува пресметка со Шпанија.
– Дојдовме тука за да ја се пласираме во финалето. Сега сме тука за да ја освоиме титулата и ќе сториме сè за така и да биде – додаде Дешан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Американска нуклеарна подморница удри во непознат подводен објект, повредени неколку морнари

Следно

На денешен ден – 8 октомври

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian