Белгија ја предизвикува Франција за финале во Лигата на нации

1 min read

Денеска репрезентациите на Белгија и Франција (20.45 часот) во Торино ќе играат во второто полуфинале во УЕФА Лигата на нации.

Првиот финалист го дознавме во средата кога селекцијата на Шпанија на стадионот „Сан Сиро“ во Милано со 2:1 ја совлада Италија. Ни Белгијците ни Французите не може да се пофалат со добри резултати на Европското првенство, и едните и другите беа во најтесниот круг на кандидати за титулата, но не ја дочекаа ниту завршницата.

Белгија загуби од Италија во четвртфинале, а актуелниот светски шампион Франција доживеа неочекуван пораз од Швајцарија после пенал серијата, иако претходно до 81 минута водеше со 3:1. Завршниот турнир во Лигата на нации е шанса за поправање на впечатокот за избраниците на двајцата селектори, Роберто Мартинез и Дидие Дешан.

Белгијците најавија дуел со соседите со убедливи победи над Естонија (5:2), Чешка (3:0) и Белорусија (1:0). Французите ремизираа Босна и Херцеговина и Украина (и двете средби со 1:1), а во последното коло ја совладаа Финска со 2:0.

Претходниот дуел помеѓу двете репрезентации се одигра во 2018 година на Светското првенство во Русија. Франција славеше со резултат 1:0 и се пласираше во финалето, каде за титулата ја совлада Хрватска.

Гави испиша историја во шпанската репрезентација

www.slobodenpecat.mk

Претходно

НАТО ќе плати висока цена за протерувањето руски граѓани, гласи заканувачката реакција на Москва

Следно

90 илјади евра не ја сопреа да пишува: Нова необјавена песна од Марина Туцаковиќ!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian