90 илјади евра не ја сопреа да пишува: Нова необјавена песна од Марина Туцаковиќ!

3 mins read

Откако во јавноста излезе информацијата дека пејачите од естрадата ѝ должеле 90 илјади евра на Марина Туцаковиќ за хитовите кои им ги напишала, дознаваме дека наскоро ќе биде објавена нејзината последна песна.

Марина Туцаковиќ ја изгуби битката со животот на 19 септември оваа година, а оттогаш не престануваат во јавноста да излегуваат потресните информации за животот со кој таа морала да се соочи, предавствата од најблиските соработници и болките од приватниот живот.

По последната информација која со вознемирувачката бројка од 90 илјади долари која ѝ ја должеле пејачите на Туцаковиќ ја вознемири публиката, најново што дознаваме е дека постои необјавена песна од Марина која набрзо ќе го види светлото на денот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marina Tucaković (@marina.tucakovic)

Кантавторката пишувала секогаш кога имала инспирација, а со тоа создаде бројни хитови за многу пејачи од сцената, а последната песна која ја напишала Марина ќе ја отпее Наташа Беквалац.

Песната носи наслов „Izlečena“ и е посветена на односите во љубовниот живот на Наташа Беквалац по нејзините три разводи, кои и често беа тема на домашната јавност. Но, по скорешната смрт на Туцаковиќ добива сосема нов контекст и носи емотивен грч и тага во срцето.

„Јаој, не знаев дека тоа ќе го дознаам. Сега се наежив. Не можам да кажам дека таа песна ја лечи душата, пред сè би рекла дека зборува за душата“, изјави Беквалац неодамна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marina Tucaković (@marina.tucakovic)

Марина Туцаковиќ умре по долга борба со тешката болест, а штом ја покрена таа борба се откажа од битката да се обиде да ги наплатува долговите од пејачите за кои создаде хитови и од кои создаде ѕвезди.

Но по нејзиниот погреб, синот Милан Радуловиќ Лаќа изјави дека нема намера да им ги опрости. На финансиската битка се надоврзува и изјавата од Лаќа дека за многумина од естрадната сцена нема да има добри последици доколку тој проговори по години молчење откако тие свртеле грб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Меѓу првите кои ќе бидат погодени се претпоставува дека е Цеца Ражњатовиќ, откако ситуацијата ескалираше на денот на погребот кога се побара Цеца да се одалечи од гробот на Марина. Една од причините која го изиритирала Лаќа е пораката која ја добил од Цеца дека песните за кои требала да плати се „скапи како мајка“, но и изјавите дека таа плаќала за лечењето на Марина кое Милан го негира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Белгија ја предизвикува Франција за финале во Лигата на нации

Следно

Почнува  Фестивалот „Џифони Македонија“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian