Елиф Елмас моментно се подготвува за колегите од македонската А репрезентација за новите два натпревари во квалификациите за Светското првенство 2022.
Неодамна Елмас настапи како стартер на мечот од Лига Европа на стадионот „Диего Арманда Марадона“ во Неапол против Спартак Москва.
Нашиот фудбалски „дијамант“ уште во првиот напад на „наполитанците“ донесе предност за домаќините, и веднаш се поставува прашања после колку точно секунди е реализиран погодокот и дали истиот е најбрз во ова натпреварување.
Денеска Европската фудбалска куќа (УЕФА) на социјалните мрежи потврди дека Елмас го има вториот најбрз гол, постигнат после точно 12,60 секунди.
На врвот останува Јан Сикора кој во 2016 година стрелаше после 10,69 секунди за чешката Славија Прага против Карабах од Азербејџан, а на третата позиција е Витоло кој постигна гол за Севиља во шпанската пресметка со Виљареал после 13,21 секунди во 2015 година.