ВИДЕО | Синот на Муса Џафери го нападнал претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски

1 min read

Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во вторникот доцна вечерта, објави Дојче веле.

Очевидци на настанот велат дека Џафери седнал на масата на која се наоѓал Бислимоски во еден скопски ресторан и по неколку минутен разговор физички се пресметал со него. Аријанит Џафери најпрво барал објаснување од Бислимоски зошто Комисијата за енергетика започнала постапка за одземање на лиценцата на неговата фирма, а потоа и физички го нападнал. Откако неколку пати го удрил и го влечел Бислимоски, три лица од придружбата на Џафери успеале да го отргнат и сите заедно избегале во непознат правец.

Сведоци на настанот велат дека Џафери со својата придружба седел на соседната маса до Бислимоски и во текот на вечерта во неколку наврати го провоцирал, но тој не одговарал на провокациите. Потоа седнал до него на масата со објаснување дека сака да поразговара со него, но по неколку минути го нападнал. Џафери барал од Бислимоски да ја запре постапката против неговата фирма, а кога тој одбил, Џафери почнал да го удира по главата.

Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот, но не успеала да го пронајде напаѓачот.

Бислимоски: Истата цена на струјата ќе остане најмалку до крајот на годината

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор Бајден – Си околу состојбата во Тајван

Следно

Петта титула по ред за Србљак на Државното првенство во тенис

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian