ВИДЕО | Адел се враќа: Слушнете ја новата песна!

1 min read

Адел се враќа на сцената со нова песна и нов албум.

Вчеравечер пејачката ги потврди гласините за нов албум со објава на својот инстаграм-профил, на која напиша дека албумот насловен „Easy On Me“ ќе излезе во продажба на 15 октомври.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Набрзо по објавување на „тизерот“ кој трае само 10 секунди, Адел на својот „Youtube“ канал објави и официјално видео од носечката песна на албумот „Easy On Me“.

Албумот на Адел стана еден од најочекуваните изданија за 2021 година, откако неодамна беше забележително „чистењето“ на официјалните профили на Адел на социјалните мрежи од сета претходна содржина.

„Биди последен кој ќе ги бакне моите усни“, велат стиховите од рефренот на песната.

Албумот доаѓа по разводот на шест-годишниот брак на 33-годишната Британска пејачка, и претставува нестрпливо исчекување на меланхоличен музички опус во нејзин карактеристичен стил, во кој би се препознале нејзините фанови.

Соодветно на очекувањата, објавената песна „Easy On Me“ е 4-минутна балада со водечка пијано линија, а спотот е црно бело видео на кое Адел влегува во автомобил и ужива возењето и ослободувачкото чувство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Средба на Курти со Вучиќ на Самитот во Словенија

Следно

Британија гори, Борис се чешла: Џонсон не е загрижен поради кризата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian