УТРИНСКИ БРИФИНГ | Каков Велес сакаат велешани

2 mins read

Арсов од Левица: Итно решавање на сообраќајниот хаос во Велес, привлекување на странски инвестии и развивање на индустријата

Велес има повеќе проблеми, кои се комунални, соообраќајни, економски. За таа цел Левица изготви програма со десет точки. За нас сите точки се важни, но најпрво би се осврнал кон решавањето на сообраќајниот хаос кој владее со градот, урбанистичкото решавање на одредени и во прва фаза овие проекти би биле најглавни, изјави за Утрински брифинг Златко Арсов, кандидат за градоначалник на Велес од редовите на Левица.

Златко Арсов, кандидат за градоначалник на Велес од Левица / Утрински брифинг

-Количеството на ПМ честички се зголемува највеќе во зимските месеци кога е грејната сезона. Поголем дел од од населението се грее на тврди горива и се создава загадување кое е највеќе од домаќинствата. Во прва фаза би ја продолжиле оваа акција која сега постои за субвенционирање земање на инвертер уреди и во следна фаза планираме да се активираме во гасификација на градот, додаде Арсов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Коциќ од СДСМ: Барањата на велешани приоритет во мојата програма

Еден од врвните приоритети кои што сметам дека треба да бидат решени во Велес е уличното осветлување. Сијалиците кои се наместени од пред 6-7 години не создаваат добра светлина, не се енергетски ефикасни, брзо прегоруваат и затоа добар дел од градот е без осветлување. Јавно кажувам дека можеби ќе треба да се задолжиме како град, но ќе бидат заменти со ЛЕД светилки, изјави за Утрински брифинг Ненад Коциќ, кандидат за градоначалник на Велес од редовите на СДСМ.

Ненад Коциќ, кандидат за градоначалник на Велес од СДСМ / Утрински брифинг

-Се она што е таргетирано од граѓаните јас најдов соодветен начин да го вметнам во програмата, но и да најдеме начин како тоа може да се спроведе. Отпадот кој што се наоѓа насекаде ќе го решиме преку проектот „Велес без отпад“, односно со овој проект ќе бидат ангажирани комунални редари кои ќе бидат присутни во сите делови од градот и ќе ја следат состојбата на терен, вели Коциќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СЗО: Делта сојот е присутен во 192 земји во светот

Следно

ФОТО: Голманот Донарума не е добредојден во Милано

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian