Средба на Курти со Вучиќ на Самитот во Словенија

1 min read

Премиерот на Косово, Албин Курти, денеска изјави дека ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во рамките на самитот на лидерите на Европската Унија со политичките лидери на земјите од Западен Балкан, што се одржува на Брдо кај Крањ, пренесува српски ФоНет.

Курти им рече на новинарите дека ќе се сретне со Вучиќ за време на паузата на двете сесии на самитот и дека на состанокот ќе присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој, исто така, рече дека се надева дека Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија ќе покаже дека ЕУ останува посветена на својата суштина, а тоа е проширувањето, бидејќи според него, само со прифаќање на Западен Балкан, Европа суштински ќе стане Европа.

Пред самитот, Курти рече дека поминале три години откако Европската комисија препорача визна либерализација со Косово.

„Голема неправда и недостаток на фер третман кон граѓаните е што ова се уште не се случило“ рече тој.

Курти исто така рече дека ЕУ треба да продолжи со својата експанзија за да стане Европа во вистинска смисла.

„Западен Балкан е нешто што недостасува за Европа да стане Европа во вистинска смисла. И ние сме Европа“- изјави тој.

Тој додаде дека процесот на проширување е историски процес на просперитет и мир.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Недев со златниот медал на Европскиот куп во традиционално карате

Следно

ВИДЕО | Адел се враќа: Слушнете ја новата песна!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian