Син на познат водител во Србија уапсен за поседување 500 грама марихуана

1 min read

Арсен Аџимовиќ (40), син на Драшко Аќимовиќ, познат естраден новинар, публицист и автор на ТВ-емисијата „Под сјајот на ѕвездите“, вечерва беше уапсен за поседување 500 грама марихуана.

Полицијата упадна во неговиот стан во Бањица со кршење на вратата, а по претресот пронајдени се околу 500 грама дрога, која најверојатно била подготвена за препродажба, пишува „Ало“.

Аќимовиќ бил однесен во полициска станица под сомнение за трговија со дрога.

Како што се дознава, тој во полиција изјавил дека поседувал марихуана наводно за лична употреба.

Му беше одредена мерка притвор до 48 часа во полициска станица, по што ќе биде изведен на распит кај обвинителот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гвардиола му забранил на Меси да има секс по полноќ и со тоа му ја смени кариерата

Следно

Само вакцинираните во Лос Анџелес ќе можат да одат во ресторани, фризери и спортски натпревари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian