Шпанија ја прекина серијата на Италија и ќе игра во финалето во Лигата на нации

1 min read

Фудбалската репрезентација на Шпанија е прв финалист на завршниот турнир во Лигата на нации во А дивизијата. „Црвената фурија“ во полуфиналето беше подобра од домаќинот на завршниот турнир и актуелен европски шампион, Италија со 2:1. 

Со триумфот, Шпанија ја прекина серијата на Италија од 37. натпревари без пораз.

Херој на Шпанците е Феран Торес кој ги постигна двата гола за својата репрезентација, но светот вечерва ќе запомне уште едно име, Гави.

Фудбалерот на Барселона со 17 години и 62 дена стана најмладиот дебитант во историјата на „фуријата“, а на теренот на „Сан Сиро“ беше еден од најдобрите.

Селекторот Луис Енрике освен Гави, во оган фрли уште двајца дебитанти, 19-годишниот Јереми Пино и една година постариот Брајан Хил.

„Фуријата“ уште од првата минута беше подобар тим на теренот, а добрата игра ја круниса со голот на Феран Торес во 17 минута по асистенцијата на Ојаразабал.

Маките на Италијанците се зголемија во финишот од првиот дел кога во 41. минута капитенот Леонардо Бонучи го доби вториот жолт картон што значеше исклучување.

Шпанија тоа го искористи уште во првото полувреме кога Феран Торес зголеми на 2:0.
Второто полувреме помина во доминација на Шпанците кои дури 85 проценти од времето ја имаа топката во своите нозе, ја контролираа играта и зсаслужено дојдоа до победата.

Единствено што Италијанците успеаја да направат е да постигнат почесен гол во 83 минута преку Лоренцо Пелегрини.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев: Македонското сонце и европските ѕвезди ќе го осветлат сивилото

Следно

Гвардиола му забранил на Меси да има секс по полноќ и со тоа му ја смени кариерата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian