Шеталиштето кај Жабарот на кејот на Вардар доби нов лик

1 min read

Познатото шеталиште кај Жабарот на кејот на Вардар доби нов реконструиран изглед.

Најфреквентната патека на овој дел од градот која беше руинирана, небезбедна и не многу достапна за велосипедистите и пешаците конечно доби изглед на модерна и современа патека, велат од Град Скопје од каде споделија фотографии од претходниот исегашнито изглед на патеката. 

Покрај реконструкцијата на шеталиштето каде што се употреби новата технологија на лиен бетон, на овој потег е поставена и нова урбана опрема, клупи и канти за џебен отпад со што овој дел од кејот доби целосно нов изглед. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Кога утрата се студени, а деновите се топли: Повеќеслојната облека е спас

Следно

На обвинувањата за профитерство и кршење на демократијата, основачот на Фејсбук се брани со отворено писмо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian