Разговор со Ирма Дума, преведувачка и професорка по англиски јазик: Не ми се верува дека успеав да „влезам“ во фармерките од средношколските денови!

6 mins read

36-годишната Ирма Дума, по професија преведувач и професор по англиски јазик, ни го раскажува нејзиното искуство со протоколот на липосукциска исхрана, со која успеала за пет месеци да намали 38 кг и конечно да се врати на својот првобитен изглед.

Како дознавте за липосукциската исхрана?

– Проблемот со прекумерна телесна тежина, кај мене, се појави по првата бременост, а се влоши уште повеќе по втората бременост. Речиси 5 години бев со прекумерна телесна тежина, а последната година имав дури 90 кг, што е премногу за мојата висина. Долго време се обидував со разни начини на исхрана да ја регулирам тежината, но секогаш беше или безуспешно или сосема малку ќе намалев во тежина, а потоа килограмите брзо се враќаа и тоа двојно повеќе од стартната тежина. Истражувајќи по интернет, наидов на текст за липосукциска исхрана и се заинтересирав да истражам што точно значи тоа. Потоа, стапив во контакт со Центарот за Липосукциска исхрана во Скопје, каде што ми објаснија што точно претставува овој начин на исхрана. Ќе бидам искрена и ќе кажам дека навистина бев скептична дека ќе биде успешно намалувањето на тежината, а веќе бев и помирена со вишокот килограми.

Фото: Приватна архива

Колкав период бевте на ваква исхрана и колку килограми успеавте да намалите?

– Со липосукциска исхрана започнав во јуни 2018 година. Првиот циклус кој трае 4 недели (2 недели прашоци и капсули со еден оброк дневно и 2 недели регуларни оброци по нивните насоки), намалив 11 кг. Килограмите почнаа да се намалуваат уште третиот ден од започнувањето, а потоа почна да се менува и телото. Направив пауза од еден месец, а потоа продолжив со уште 4 циклуси, значи вкупно 5 циклуси. За овие 5 циклуси или 5 месеци, со еден месец пауза, намалив 38 кг и конечно се вратив на мојот првобитен изглед. 

Беше ли тешко да се издржи? Што ве мотивираше?

– Искрено, пред да започнам со овој начин на исхрана, мислев дека нема да успеам да издржам, дека и ова ќе биде уште еден од многуте неуспешни обиди. Но уште по првата недела, кога веќе имав намалено 4 кг од првобитната тежина, ми беше јасно дека сум на добар пат. Ова ме мотивираше да продолжам и да бидам упорна до крај. Не се осмелив да пробам од старите парчиња облека до речиси последниот циклус од исхраната, затоа што ми беше страв да не се разочарам и да не се откажам. Кога веќе се решив да пробам едни стари фармерки, кои датираат од моите средношколски денови и во кои успеав да влезам без мака, бев пресреќна. Едноставно не ми се веруваше.

Фото: Приватна архива

Како овој вид на исхрана делуваше на вашето здравје и енергија?

– Ова е особено важно да се истакне. Првите неколку денови се тешки, додека организмот се адаптира дека повеќе нема да црпи енергија од шеќери, туку од сопствените резерви. Имав и главоболка и чувствував болки во телото. Но тоа траеше само еден ден, а потоа добив енергија, физичка, но и психичка. Тоа трае и до ден-денес затоа што сѐ уште го применувам овој начин на исхрана.

Како изгледаше исхраната во текот на денот?

– Како што напоменав и претходно, липосукциска исхрана се состои од циклус кој трае 4 недели (2 недели прашоци со еден оброк дневно и 2 недели регуларни оброци). Прашоците се пијат 3 пати во денот, а нивниот состав е од витамини и минерали, како и коњак глукоманан, кој го полни желудникот за да не чувствувате глад. По секој прашок се пијат и две капсули, кои содржат аминокиселини и помагаат во топењето на мастите. За вечера јадев во принцип месо или риба со зеленчук од типот на зелена салата, тиквички, модри патлиџани… Сето ова го спремав во фритеза која работи на топол воздух, а додавав путер или маслиново масло. Исхраната секогаш ми беше многу вкусна. По овие две недели следуваа 2 недели со регуларни оброци, секако само со дозволените намирници.

Фото: Приватна архива

Имавте ли јо-јо ефект на враќање на килограмите?

– Две години немав јо-јо ефект и си ја одржував телесната тежина. Морам да признаам дека за време на карантините поради пандемијата со ковид-19, кој беше исклучително стресен период за мене, качив малку килограми, но брзо се вратив во колосек со помош на насоките за исхрана кои ги научив од Центарот за Липосукциска исхрана. Но ова не може да го сметам како јо-јо ефект бидејќи веќе беа поминати 2 години од намалувањето на телесната тежина. За крај, мора да кажам една многу важна работа, која се однесува за сите кои страдаат од прекумерна телесна тежина, а тоа е дека всушност сѐ е состојба на умот. Ако сте решени во нешто, ќе успеете. Нездравата храна, која ја јадеме најмногу затоа што е вкусна и брзо се подготвува, може лесно да се замени со здрави намирници. А штом се навикнете на овој начин на исхрана, ќе сфатите дека може да се живее и без хамбургери, газирани пијалаци, слатки… И воопшто нема да ви недостигаат.

Можете да закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија без Манасков на Европското ракометно првенство 2022!

Следно

Тешка сообраќајна несреќа на булевар „Партизански одреди“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian