Разговор Бајден – Си околу состојбата во Тајван

2 mins read

Американскиот претседател Џо Бајден потврди дека разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг околу проблемите со Тајван и дека тие се согласиле да се придржуваат кон тајванскиот договор, бидејќи тензиите меѓу Тајпеј и Пекинг се зголемени.

„Разговарав со Си за Тајван. Се согласуваме, ќе го почитуваме тајванскиот договор. Јасно ставивме до знаење дека не мислиме дека треба да се направи нешто друго освен да се придржуваме кон договорот“, рече американскиот претседател во вторникот, пренесува Ројтерс.

Се вели дека Бајден се осврнува на долгогодишната политика на Вашингтон за „една Кина“, според која САД официјално го признаваат Пекинг, а не Тајпеј и Законот за односи со Тајван, со што јасно се гледа дека одлуката на САД да воспостави дипломатски врски со Пекинг наместо со Тајван, се потпира на очекувањето дека иднината на островот ќе се одреди мирно.

Тајпеј извести за 148 авиони на кинеските воздухопловни сили во јужниот и југозападниот дел на зоната за воздушна одбрана во текот на четиридневниот период, почнувајќи од петокот, истиот ден кога Кина го одбележа главниот празник, Денот на државноста.

Вашингтон ја повика Кина да ги прекине воените активности во близина на Тајван

„Соединетите држави се многу загрижени за провокативната воена активност на Кина во близина на Тајван, која дестабилизира, ризикува погрешни проценки и го поткопува регионалниот мир и стабилност“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Потпаролот на Стејт Департментот Нед Прајс/ Фото Архива на СП

 

Тензиите околу Тајван се зголемија во последните години, а Пекинг не ја отфрли употребата на сила за враќање на островот, за кој смета дека е негова суверена територија.

Кина испрати 52 борбени авиони кон Тајван

Кина испрати 52 борбени авиони кон Тајван

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пијанистот Дино Имери и квартетот „Такси Конзилиум“ на фестивалот „Крај Вардарот џез“

Следно

ВИДЕО | Синот на Муса Џафери го нападнал претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian