Ракип: Голема чест што добив понуда да играм за македонската А репрезентација

3 mins read

Ердал Ракип за првпат е во А репрезентацијата на Македонија, фудбалерот на шведски Малме со потекло од Ресен ја прифати понудата на селекторот Благоја Милевски и конкурира за настап на натпреварите од квалификациите за Светското првенство 2022 против Лихтенштајн и Германија.

25-годишниот играч од средниот ред зборува за првите впечатоци по приклучувањето на нашата сениорска селекција:

– Првпат пред неколку години Благоја Милевски ми понуди да играм за Македонија. Во тој период ми требаше време да размислам. За мене е голема чест што добив понуда да играм за репрезентацијата на Македонија и донесов одлука дека сега е вистинскиот момент да прифатам. Разговаравме со моето семејство и среќен сум што ќе играм во дресот на македонската репрезентација. Македонија е домот за моето семејство и одлуката сега воопшто не беше тешка – рече Ракип.

Ердал вели дека соиграчите му помагаат во прилагодувањето на новата средина. Смета дека оваа репрезентација има голем потенцијал и очекува да напредува во наредните години. Воедно вели дека фокусот сега е на натпреварот со Лихтенштајн, но клучно е тимот секогаш да се стреми кон победа без разлика на противникот. Во денешниот фудбал сè е можно.

Елмас: Мора да го победиме Лихтенштајн за да останеме во игра за СП

– Селекторот и соиграчите ми помагаат во адаптацијата на новата репрезентативна средина. Разговараме и се обидуваме да се запознаеме подобро. Малку ми беше тешко првиот ден, но веќе е поинаку. Ги гледав последните натпревари на македонската репрезентација. Оваа селекција игра добар фудбал, во тимот има многу млади фудбалери кои формираат одлична екипа. Јас имам 25 години, сметам дека веќе сум во зрели фудбалски години и мислам дека во следните неколку години ќе напредуваме. Се обидувам да се вклопам во тимот, но без наметнување, туку улогата да си дојде сама по себе. Оваа репрезентација ќе напредува секоја наредна година. Ништо не доаѓа веднаш. Тимот е млад и желен за докажување.

Секој натпревар е тежок. Треба да издвојуваме победа против Лихтенштајн, а потоа нè очекува многу тежок меч на домашен терен против Германија. Во фудбалот секогаш има шанса за победа, но треба да се одигра максимално во текот на сите 90 минути. Но, да оставиме времето да покаже, сега сме фокусирани на мечот со Лихтенштајн. Чекор по чекор и секогаш да се стремиме кон победи – се зборовите на Ракип за сајтот на ФФМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Радев: Софија бара јасни правни гаранции дека Скопје ќе ги исполни своите обврски од Договорот за добрососедство

Следно

Црногорските медиуми: Руските „Ноќни волци“ го чуваат манастирот Цетиње 

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian