Проблеми за репрезентацијата на БиХ, шест фудбалери останаа без визи за Казахстан

1 min read

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина на натпреварот против Казахстан во квалификациите за пласман на СП 2022 година, нема да може да смета на шест фудбалери поради бизарна причина.

Имено, на шест репрезентативци на фудбалери не им е одобрена виза за влез во Казахстан. Играчи кои не добија казахстанска виза се Сањин Прчиќ, Елвис Сариќ, Денис Хаџикадуниќ, Дарио Џумиќ, Ади Налиќ и Јусуф Газибеговиќ.

„Фудбалската федерација на БиХ како и секогаш ги презеде сите потребни активности околу патувањето и навистина е несфатливо дури шест репрезентативци да не добијат виза. Федерацијата ги искористи сите расположливи ресурси, се обративме и до УЕФА за помош, а нашиот персонал до доцна во ноќта се обидуваше да најде решение“, објави Фудбалската федерација на БиХ.

Покрај шесте репрезентативци во Нур-Султан нема да патуваат и неколку членови на Федерацијата. Натпреварот помеѓу Казахстан и БиХ треба да се игра на деветти октомври.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Макрон: Дискусиите меѓу С. Македонија и Бугарија во преден план на Самитот во Брдо кај Крањ

Следно

Пред владата во Тирана одржан мирен протест против зголемување на цените

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian