Полска испрати дополнителен број војници на границата со Белорусија

1 min read

Полска испрати дополнителен број војници на границата со Белорусија, поради континуираниот бран мигранти.

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак денеска изјави дека 3.000 војници се испратени на границата со Белорусија, што е зголемување на нивниот број за 600 во споредба со минатата недела.

– Обезбедувањето на границата со Белорусија во моментов е најважната задача. Во наредните денови воени хеликоптери ќе патролираат долж полско-белоруската граница, напиша Блашчак на Твитер.

Полскиот Парламент на 30 септември ја продолжи вонредната состојба на границата со Белорусија за два месеци до крајот на ноември.

Полските граничари вчера приведоа 13 мигранти.

Владата во Варшава го обвинува претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко дека им помага на бегалците од конфликтните зони да стигнат до надворешната граница на ЕУ за да создадат криза.

Властите во Белорусија, пак, го обвинуваат Западот дека создал хаос во овие конфликтни региони, поради што луѓето сега бараат подобар живот.

Лукашенко на крајот на мај изјави дека Минск повеќе нема да ги спречува мигрантите да транзитираат преку Белорусија на пат кон ЕУ, како одмазда за заострените европски санкции воведени против поранешната советска република.

Полска во моментов гради ограда долга 418 километри

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сопственик на трговски објект затекнал крадец, спречена поголема кражба

Следно

Нови 406 случаи на коронавирус, починати се 12 лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian