Пијанистот Дино Имери и квартетот „Такси Конзилиум“ на фестивалот „Крај Вардарот џез“

1 min read

Во рамките на последната фестивалска вечер од второто издание на „Крај Вардарот Џез“, вечер (6 октомври) во 20:00 часот, во киното „Фросина“ во МКЦ, ќе настапи квартетот „Такси Конзилиум“ по чиј настап е предвиден и концерт на пијанистот Дино Имери.

Организаторот на овој фестивал, дискографската куќа „ПМГ Џез“ наведува дека „Такси Конзилиум“ е квартет на еден од македонските водечки џез-гитаристи, Филип Букршлиев, а во него членуваат и младите музичари: Андреа Мирческа, Драган Теодосиев и Благојче Томевски.

Пијанистот и композитор Дино Имери има издадено авторско ЦД за дискографската куќа „ПМГ Џез“. Неговиот развој како композитор на современа класична музика е поврзан со оваа дискографска куќа, за која во моментов подготвува ново издание.

http://kultura.gov.mk/

Претходно

Дневен хороскоп за 6 октомври: Денес вооружете се со мудрост и со вештини

Следно

Разговор Бајден – Си околу состојбата во Тајван

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian