Петта титула по ред за Србљак на Државното првенство во тенис

1 min read

Изминатиот викенд се одржа тениското Државно првенство на терените на Тенискиот Клуб „Југ“ на кој немаше промена на тронот.

Во машка конкуренција Горазд Србљак ја освои и петтата титула по ред оваа година, двојна, односно и во дубл.

Во сингл натпреварувањето Србљак (ТК Неготино) во финалето беше подобар од Стефан Мицов со резултат 2:1 во сетови 6:7, 7:6 и 6:0.

Србљак беше слободен во првото коло, потоа во второто при водство од 4:0, мечот го предаде Обрад Марковски.

Во четвртфиналето двапати со 6:3 го елиминираше Иван Манасов, а на претпоследната пречка со 6:3 и 6:0 го совлада Томислав Јотовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Синот на Муса Џафери го нападнал претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски

Следно

Каков симптом е тоа? Кога мажите ги боли левата рака, а жените двете раце

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian