Недев со златниот медал на Европскиот куп во традиционално карате

1 min read

Дејан Недев оствари нов голем успех на меѓународните натпреварувања, македонскиот каратисти го освои првото место на Европскиот куп за сениори (кати) во традиционално карате во Катовице, Полска.

Во доста силна конкуренција во оваа дисциплина се натпреваруваа 28 учесници од најсилните европски земји.

Во својата професионална кариера за Недев ова е седма европска титула.

Претходно Камелија Недев (за деца, 8-9 години) исто така се најде на победничкиот подиум освојувајќи ја втората позиција.

Севкупно на ова натпреварување во спортската арена „Сподек “учествуваа 28 земји со над 500 натпреварувачи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за разрешување на Филипче и Хасани

Следно

Средба на Курти со Вучиќ на Самитот во Словенија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian