Мајката на Мбапе го шокира Реал Мадрид: Преговорите со ПСЖ одат во посакуваната насока

1 min read

Само еден ден по интервјуата за „Лекип“ и за Радио Монте Карло во кои Килијан Мбапе ја отвори душата и откри дека во летниот преоден рок сакаше да се пресели во Реал Мадрид, денеска во друг француски медиум, „Ле Паризиен“ излезе интервју со мајката на фудбалерот кое внесе дополнителен хаос.

Мајката на Мбапе, Фајза Ламари, тврди дека не е исклучено нејзиниот син да остане во ПСЖ. Нејзините зборови добиваат на тежина бидејќи таа го застапува Мбапе во преговорите со ПСЖ.

– Моментно преговараме со ПСЖ и разговорите се одвиваат во посакуваниот правец. Дури синоќа разговарав и со Леонардо, а дали постигнавме некаков договор? Засега една работа е јасна, Килијан ќе даде се од себе за да ја освои Лигата на шампионите – вели Фајза Ламари и потоа додава:

Килијан мора да почувствува дека е важен дел од тимот и да биде среќен. Доколку е несреќен, тој е во состојба да каже и дека ќе ја заврши кариерата. Всушност, тој постојано ни го зборува тоа. Со него, работите се менуваат секој ден – додава мајката на фудбалерот.

Овие зборови на Фајза Ламари предизвикаа паника кај управата на Реал Мадрид предводена од Флорентино Перез бидејќи тие сметаа дека Мбапе идното лети сигурно ќе го облече „кралскиот“ дрес.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови 406 случаи на коронавирус, починати се 12 лица

Следно

Приведен 29-годишен скопјанец, кај него пронајдени околу 1,5 килограми дрога

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian