Лукаревска: Дојдете, видете и научете како се води општина

2 mins read

Валандово во изминатите четири години се развива брзо, со досегашниот и идниот градоначалник Перо Костадинов, Валандово станува општина по мерка на граѓаните, нема населено место во кое што не е инвестирано.

„Кој не дошол, не знае, затоа ќе им порачам, дојдете видете и научете како се води општина, како се сакаат општината и своите сограѓани, со секојдневни контакти и со многу работа. Да се биде Најдобар е секојдневно докажување на сите полиња, со знаење, со работа, со храброст да се преземе одговорност”, рече заменик-претседателката на Социјалдемократскиот сојуз Сања Лукаревска. Во Валандово, со поддршка на централната власт се реализирани десетина големи инфраструктурни проекти за рехабилитација на патната инфраструктура, систем за наводнување со опфат на повеќе населени места, обновена е комуналната инфраструктура, изградена е нова детска градинка „Калинка“, најавена е изградба на уште една. Во с. Брајковци е реновирана постојната, вели Лукаревска.

Според неа приоритет се потребите на граѓаните, квалитетот на живеење,  и затоа е зголемена минималната плата на 15.200 денари, а просечната на 28.764.

-Од 1 јануари идната година најавуваме 300 евра минимална и 500 евра просечна плата. Во услови на здравствена криза не отстапивме од ветувањето за поголеми плати. Платите се зголемени и во здравството и во образованието, во армијата, на рударите. Застанавме зад бизнис секторот, за да се зачуваат работните места, за да продолжат компаниите да работат, а и да обезбедиме нови инвестиции. Ги стимулираме и домашните инвеститори, за прв пат имаме рамнотежа меѓу странските и домашните инвестиции, важно е да има вработувања, но исто толку е важно и достоинството на работниците, односот кон нивниот труд и затоа ги стимулираме инвеститорите што ќе гарантираат плати минимум за 50 насто поголеми од просечната. Со шесте пакети антикризни мерки спречивме сигурен драстичен пад на БДП, важно ни е луѓето да не останат без плата и егзистенција. Постојано разговараме, ги слушаме потребите на бизнис заедницата, во изминатите 4 години креиравме над 70 илјади нови работни места, додава таа. 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Курц ги отфрли наводите од истрагата за корупција и проневера

Следно

Барселона последен полуфиналист на Суперглоуб

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian