Курц ги отфрли наводите од истрагата за корупција и проневера

2 mins read

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска ги отфрли обвиненијата на обвинителството за економски криминал против него и неколку други високи членови на владејачката Австриска народна партија (ОВП) во истрагата на проневера и корупција и истите ги нарече фабрикувани.

-Сега имаме нови обвинувања и повторно станува збор за изградени обвинувања според истата шема: овде СМС-пораките се фрагментирани, сместени во погрешен контекст и околу сето тоа се плете правно-криминална конструкција, рече Курц на маргините на самитот на ЕУ за Западен Балкан што денеска се одржа во Брдо кај Крањ.

Тој потсети на обвинувањата на негова и сметка на министерот за финансии, Гернот Блумел, за време на истрагата за таканаречениот Ибица скандал, што подоцна се покажа за неточна.

Државното обвинителство за економски криминал денеска  изврши претрес во неколку министерства, како и во самата канцеларија на канцеларот заради истрагата за сомневањето за проневера и корупција против Курц и девет други политичари, вклучувајќи и неколку блиски соработници на австрискиот канцелар.

„Постои сомневање дека средствата за даноци од Министерството за финансии се потрошени за манипулативни анкети, што биле мотивирани од партијата”, се наведува во соопштението на обвинителството.

Резултатите од овие истражувања беа, како што се соопштува натаму, потоа биле објавени во таблоидот „Österreich” и други медиуми од овој концерн, а се со цел да се создаде политичка предност за Курц.

Како противуслуга, Министерството за финансии изнајмувало рекламен простор во истите медиуми.

Наводите се однесуваат на периодот од 2017 година пред Курц да стане шеф на ОВП, а подоцна и канцелар.

Против Курц веќе се води истрага против Курц под сомнение дека дал лажна изјава пред парламентарната комисија која се занимаваше со Ибица скандалот, што доведе до соборување на коалициската влада на Народната и либералната партија и оставка на поранешниот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе.

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Инстаграм во жалост: Доктор Горан се простува од своите бројни следбеници

Следно

Лукаревска: Дојдете, видете и научете како се води општина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian