Каков симптом е тоа? Кога мажите ги боли левата рака, а жените двете раце

2 mins read

Мажите и жените речиси еднакво се изложени на срцевите болести, но причините за болестите можат да бидат различни. Кај некои болеста е предизвикана од животниот стил, додека кај некои е генетски наследена.

Лекарите укажуваат на неколку симптоми на кои би требало да обрнете внимание.

Болка која се шири до рамениците

Повеќето мажи ќе почувствуваат болка во левата рака, додека кај жените болката се шири на двете раце. Некои жени тврдат дека почувствувале силна болка пред да доживеат срцев удар. Ова се случува, бидејќи болката се шири од срцето кон ‘рбетниот мозок со кој се поврзани многу нерви, а тоа го збунува мозокот кој заклучува дека болката произлегува од некој дел на раката, иако тоа не е случај.

Непрекинато кашлање

Иако кашлањето може да биде предизвикано и од други проблеми, тоа, исто така, може да биде знак за кардиоваскуларни болести. Ако непрекинатото кашлање предизвикува лачење на розова течност која содржи крв, тогаш тоа често се поврзува со срцевите проблеми.

Недостаток на апетит и мачнина

Многу пациенти кои страдаат од кардиоваскуларни болести често покажуваат недостаток на апетитот или се жалат на мачнина, иако мошне малку јаделе. Ако овие симптоми се проследени со болка во абдоменот, се препорачува посета на лекар.

Последици од анксиозноста

Неколку истражувања покажале дека луѓето кои страдале од анксиозност порано во својот живот се склони на болестите на срцето. Анксиозноста може да биде предизвикана од стресниот начин на животот. Она што анксиозноста може да му го направи на вашето срце се тахикардија, зголемен крвен притисок и намален бро на отчукувања на срцето.

Губиток на свеста

Многу луѓе кои страдаат од срцевите проблеми често губат свест или се чувствуваат слабо. Ако срцето не пумпа крв нормално, тоа обично е поради затнувањето на артериите. Ако некогаш чувствувате недостаток на воздух или се онесвестувате на кратко време, посетете лекар и проверете го работењето на срцето.

Бледило или синкава кожа

Ова не спаѓа во најчестите симптоми, но, ако се појави, означува намален протек на крвта или недостаток на бројот на крвните зрнца. Меѓутоа, ако забележите дека сте побледи отколку обично, немојте да паничите. Направете ги потребните анализи на крвта и со самото тоа проверете дали имате анемија.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петта титула по ред за Србљак на Државното првенство во тенис

Следно

Приведен скопјанец по кого била распишана потерница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian