ФОТО | Историски момент: Првпат на насловната на „Плејбој“ се појавува геј маж

2 mins read

Инфлуенсерот Бретман Рок е првиот геј маж на насловната страница на списанието „Плејбој“, пишува Ен-би-си.

Списанието објави на својот официјален Инстаграм како изгледа најновата дигитална насловна страница со Бретман.

Инфлуенсерот позира во корсет, хулакопки и во чевли со потпетици. Тој исто така носи црна машна, бели манжетни и зајачки уши и опашка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Playboy (@playboy)

„Ова е историско“, „Апсолутно те поддржувам“, „Ги смени правилата и го отвори патот за многу други“, му порачаа следбениците на Бретман во коментарите на социјалната мрежа.

Но, ги има и оние кои не се воодушевени од неговиот изглед на насловната страница на популарното списание.

„Каде отиде овој свет…“, „Зошто мажите толку многу сакаат да бидат жени? Ова не е „Плејбој“ што беше некогаш, „Последниот пат кога проверив, „Плејбој“ беше за хетеросексуални мажи. Лоша одлука“, се само некои од коментарите на следбениците.

Инаку, Бретман се прослави со своите видеа за шминкање. Има повеќе од 17 милиони следбеници на Инстаграм, а „Тајм“ го прогласи за еден од 30-те највлијателни тинејџери во 2017 година. Пред две години, тој беше на насловната страница на списанието „Геј тајм“.

Бретман лансираше и своја линија за убавина, а доби и свое шоу на МТВ. Покрај тоа, стана и активист за ЛГБТК заедницата.

Бретман е третиот маж кој самостојно ја зазема насловната страница на „Плејбој“. Пред него, на насловната се најде основачот на списанието Хју Хефнер, и тоа дури во 2017 година, што беше еден вид почест по неговата смрт. Музичарот Бад Бани лани се појави на дигиталната насловна страница на „Плејбој“.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: УЕФА потврди – Елмас со вториот најбрз гол во историјата на Лига Европа

Следно

РКЕ: Од утре парно греење за скопјани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian