ФОТО: Голманот Донарума не е добредојден во Милано

1 min read

Повеќето навивачи на Милан веројатно никогаш нема да му простат на Џанлуиџи Донарума што ги напушти „росонерите“.

Голманот одби да го продолжи договорот со миланскиот клуб ова лето, и одлучи да се пресели во редовите на ПСЖ.

Репрезентацијата на Италија ќе го има домашниот терен на фајналфор во Лигата на нации, а во Милано се појавија нови пораки од навивачите и навреди за голманот на „аѕурите“.

– Донарума, го*но едно! Никогаш повеќе нема да бидеш добредојден во Милано – пишуваше на еден од транспарентите.

Дуелот помеѓу Италија и Шпанија е на програмата е денеска од 20.45 часот на „Сан Сиро“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

УТРИНСКИ БРИФИНГ | Каков Велес сакаат велешани

Следно

Кога утрата се студени, а деновите се топли: Повеќеслојната облека е спас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian